9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал е спонзориран од ... Руанда?

Арсенал е спонзориран од … Руанда?

Посетете ја Руанда! Со овој натпис на дресовите, англискиот фудбалски клуб Арсенал го одигра својот деби натпревар против Манчестер Сити во штотуку започнатото првенство на Англија.

Обично сличен рекламен потег, со цел одликување на туризмот, би се прифатил добро, бидејќи Арсенал е светски тим и пораката ќе стигне до најшироката можна публика.

Ситуациата сепак не е стандардна, бидејќи не зборуваме за некоја развиена или растечка држава, туку за Руанда – африканска земја во која, според податоците на ОН над 60% од населението живее во голема сиромаштија што ја претвора во една од најсиромашните земји во светот.

Така, новиот мултимилионски договор на Руанда со Арсенал беше логично поздравен од лавина од критики.

Фудбалскиот клуб официјално го објави своето тригодишно партнерство со африканската земја, но не ги откри финансиските детали околу договорот.

„Медиумите шпекулираат за сума од околу 30 милиони фунти, но она што можам да ви кажам е дека не е 30 милиони фунти, помалку е од тоа“, коментира извршниот директор на Бордот за развој на Руанда, Клер Акаманзи, пренесува „CNN“.

Се верува дека инвестицијата е направена за претседателот Пол Кагаме, кој се опиша себеси како „посветен навивач“ на неговиот „омилен клуб Арсенал“.

Африканската земја се надева дека договорот за спонзорство ќе ги привлече туристите за да и помогне на локалната економија.

Рекламната порака ќе биде на дресовите на Арсенал, тимот под 23-годишна возраст, како и на екипите на женскиот тим на Арсенал.

„35 милиони луѓе ќе ги видат своите дресови секој ден“, вели Акамани.

И покрај овие ветувања, критичарите посочуваат дека парите требало да бидат потрошени за справување со хроничната сиромаштија во Руанда.

Секоја година, африканската земја добива странски грантови и донации вредни милиони долари.

Владата на Руанда вели дека средствата за договорот за спонзорство со Арсенал доаѓаат од туризмот. Според „RBD“, африканската земја беше посетена со 1,3 милиони во минатата година.

Арсенал е шестиот најголем фудбалски клуб во светот, според „Deloitte“. Манчестер Јунајтед го презема водството, а зад нив е Реал Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП