26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ500 милиони конзоли: Sony го претстави PS4 Pro Limited Edition (видео)

500 милиони конзоли: Sony го претстави PS4 Pro Limited Edition (видео)

Компанијата „Sony“ неодамна објави навистина неверојатна вест за оваа компанија, а тоа дека нивната конзола од линијата „PlayStation“ досега е продадена во преку 500 милиони примероци.  

Првиот „Sony PlayStation“ се појави на 3-ти декември 1994-та година и оттогаш „Sony“ доминира како една од водечките компании на полето на домашни гејминг конзоли, што особено е нагласено со оваа генерација на конзолата.

„PlayStation 4“ од појавувањето до денеска е продадена во 82 милиони примероци и прашање на ден е кога ќе ги надмине „Xbox 360“ и „PlayStation 3“, кои се продадени во околу 84 милиони примероци.

По повод јубилејот од над половина милијарда продадени „PlayStation“ уреди, „Sony“ претстави лимитирана линија на единствени „PlayStation 4 Pro“ конзоли кои носат една јасна порака во своето име „500 Million Limited Edition“.

Уредот ќе биде произведен во само 50.000 примероци и ќе се продава по цена од 500 долари, а на пазарот ќе се појави на 24-ти август.

Oваа едиција има навистина убав изглед со проѕирни елементи во металик тамно сина боја и златни ознаки, кои на целиот пакет му даваат навистина врвен изглед. Покрај овие естетски елемени, оваа лимитирана едиција пристигнува и со 2TB хард диск, и со стандардниот пакет на квалитетен хардвер кој се наоѓа во „PS4 Pro“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП