29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОфицијално претставен Samsung Galaxy Note 9 (фото+видео)

Официјално претставен Samsung Galaxy Note 9 (фото+видео)

По неколку месеци шпекулации, протечени информации и гласини, „Samsung“ конечно официјално го претстави својот најнов „Note“ уред – „Galaxy Note 9“. Јужнокорејската компанија овој телефон го нарекува најдобриот што досега го има создадено.

„Со моделот „Note 9“ ние создадовме супер-моќен телефон, дизајниравме уред кој може да ги следи потребите на корисникот“, истакнува производителот.

Накратко, „Samsung“ најави најголема батерија која досега била достапна на некој „Note“ уред, со капацитет од 4.000 mAh. „Note 9“ пристигнува со 128GB и 512GB интерна меморија, а во подготовка е и „microSD“ картичка од 512GB за максимален 1TB простоp за складирање податоци.

Тука е и 10 nm чипсетот, „Snapdragon 845“ во САД, односно „Exynos 9810“ за глобалниот пазар. Екранот е поголем и го нема популарниот „заб“ на самиот врв.

Дисплејот на „Galaxy Note 9“ e најголемиот кој „Samsung“ досега го има вградено на некој свој телефон. Со дијагонала од 6,4 инчи, екран со резолуција од 2.960 x 1.440p e зa 0,1 инч поголем од оној на моделот „Note 8“. „Super AMOLED“ дисплејот има „HDR10“ поддршка и поддржува „Always On Display“.

Под екранот нема сензор за отпечаток на прстот, кој сега е позициониран на задната страна под двете камери.

Системот од камери на задната страна се состои од 12MP f/1.5-2.4 главен сензор и 12MP f/2.4 телефото секундарен сензор, со „dual OIS“ поддршка. Двата сензори се опремени со системот на „Samsung“ – „Intelligent Camera“, која препознава сцени, ги оптимизира боите и контрастите, но и ги детектира грешките како нечист екран или момент кога корисникот ќе ги затвори очите. „Селфи“ камерата има 8MP f/1.7 сензор.

„Galaxy Note 9“ има стерео звучници кој „Samsung“ ги конструираше во соработка со „AKG“. Уредот поседува и „iP68“ серфтификат за водоотпорност, што е случај и за неизбежното „S Pen“ паметно пенкало кое доаѓа со него.

Ова е првиот „S Pen“ со „bluetooth“ врска кој може да се користи како далечинско за управување со камерата, при презентација или во други цели. Работи во опсег од 10 метри и има батерија која овозможува работа околу 30 минути, oдносно околку 200 кликнувања.

Уредот ќе биде достапен во „Ocean Blue“, „Midnight Black“, „Lavender Purple“ и новата „Metallic Copper“ бои, и ќе се најде во продажба од 24-ти август.

Основниот модел „Samsung Galaxy Note 9“ доаѓа со 6GB RAM и 128GB простор за складирање и цена од 999 eвра, додека топ-моделот има 8GB RAM и 512GB простор и ќе се продава за 1249 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП