28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFerrari добива најмногу од секој продаден автомобил

Ferrari добива најмногу од секој продаден автомобил

Италијанците заработуваат по 69.000 евра, „Bentley“ и „Tesla“ губат соодветно 17.000 и 11.000 евра

Во првата половина на 2018-та година „Ferrari“ е брендот кој заработува најмногу од секој продаден автомобил – по 69.000 евра при просечна цена на автомобил од 290.000 евра. Ова е јасно од студијата на германскиот професор Фердинанд Дуденхофер, директор на Институтот за автомобилска индустрија на Универзитетот во Дуизбург.

За споредба, германската компанија со најголеми приходи е „Porsche“, при што при просечна цена на нов автомобил од 91.000 евра, чистата добивка од продадено возило е 17.000 евра. Следуваат „Audi“, „BMW“ и „Mercedes-Benz“, при што при просечна цена на нов автомобил од 33.000 – 39.000 евра, добивката пред даноците е околу 9.000 евра.

Во близина на нив е шведскиот производител „Volvo“, кој заработува нешто повеќе од 6.000 евра од автомобил. За „Maserati“, профитот е 5.000 евра. Далеку поназад е групата „Jaguar Land Rover“, која има просек од 800 евра, иако нејзините модели се меѓу најскапите на пазарот.

Постојат компании кои остваруваат загуби од секој продаден автомобил. На пример, секој „Bentley“  го чини производителот 17.000 евра, што се објаснува со значајните инвестиции во развојот на енергетските единици и технологии. За возврат, „Tesla“ губи по 11.000 евра од секој продаден електричен автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП