4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФекир бира помеѓу Челси и Ливерпул

Фекир бира помеѓу Челси и Ливерпул

Освојувачот на светското злато со Франција, Набил Фекир, се наоѓа на чекор до трансфер во Премиер лигата и мора да избере помеѓу Челси и Ливерпул.

Фекир, пред еден месец, имаше договорен трансфер во Ливерпул, но откако англичаните се обидоа да ја намалат цената неговиот клуб Лион го стопира неговото заминување. Сега во преговорите покрај Ливерпул се вклучил и Челси.

Неговиот соиграч од репрезентацијата, Оливие Жиру и Белгиецот Еден Азар, лобирале кај Фекир да ја прифати понудата на Челси.

„Разговарав со Фекир кога му пропадна трансферот во Ливерпул. Му раскажував за Челси, дури и Азар му се јави. Би сакале да дојде кај нас, тој е одличен фудбалер, но не знам што ќе се случи“, изјавил Жиру.

Фекир, како резерва, ги одигра сите натпревари за Франција на Светското првенство во Русија, тој минатата сезона постигна 23 гола за Лион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП