17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООбложувања од 136 милијарди евра за време на Светското првенство во Русија

Обложувања од 136 милијарди евра за време на Светското првенство во Русија

Обложувања од 136 милијарди евра биле направени за време на Светското првенство во фудбал во Русија, соопштува „FIFA“ преку својот официјален сајт.

За време на турнирот просечниот облог на секој натпревар бил во износ од 2,1 милијарди евра, а во оваа сметка влегуваат и влоговите за време на финалниот натпревар меѓу Франција и Хрватска.

Поточно, финалето на шампионатот создаде облози за 7,2 милијарди евра.

Тимот на Хрватска обезбедил највисока заработка од облози, бидејќи Балканците го започнаа светското со коефициент за крајна победа од околу 34.0.

Хрватите исто така беа аутсајдер против Аргентина и Англија, и покрај ниските шанси, ги победија и двете екипи.

Во исто време, хрватските натпревари во фазата на елиминација беа решени во дополнително време или пенали.

„FIFA“ ги следеше влоговите за време на првенството во партнерство со „Sportradar“, како што наведува светската фудбалска федерација дека немало ниту еден манипулиран натпревар, одигран во текот на турнирот во Русија.

Технологијата на „Sportrada“ наречена „Fraud Detection System“ следи повеќе од 550 хазардски оператори од целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП