Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,996.29 0.96%    BESK 8,169.00 -8.12%    GRNT 901.50 0.26%    KMB 5,400.00 0.11%    KOIN 1,000.00 0%    MPT 62,600.79 0.55%    MTUR 5,301.00 0.02%    RMDEN18 98.90 0.1%    SBT 2,335.67 -1.31%    STB 1,192.55 2.11%    STIL 103.00 0.54%    TEL 295.00 0%    TNB 16,785.00 1.25%    TTK 1,482.46 2.24%    

Glencore објави 23% раст на добивката за првите 6 месеци

Време: 13:39

Датум: август 8, 2018

Категорија: КОМПАНИИ

Рударскиот гигант „Glencore“ забележа раст на профитот за првите шест месеци од годинава во износ од 23%, како и зголемување од 12% на профитот од трговската единица. Сепак од компанијата истакнуваат и раст на трошоците за екстракција на бакар и цинк, како и присуството на уште нестабилни пазари, соопштува „Ројтерс“.

Голем дел од акциите во рударскиот сектор загубија од инерцијата во оваа година, бидејќи пазарот на метали ослабна заради трговските тензии и недостатокот на безбедност околу кинеската побарувачка.

Другите производители, исто така, предупредија на можни ефекти од влошување на трошоците. Акциите на „Glencore“ се под дополнителен притисок и поради чувствителноста на компанијата кон политичката ситуација во Демократска Република Конго и истрагата на американското Министерство за правда против компанијата.

Основната добивка на „Glencore“ за половина година изнесуваше 8,3 милијарди долари – што претставува зголемување од 23% на годишна основа. Сепак, останува малку под проценките на аналитичарите од 8,5 милијарди долари.

Добрите резултати на компанијата ја истакнуваат одржливоста на индустријата, која страдаше од остриот пад на цените на стоките пред три години. Обновата не покажува никакви знаци на одложување, објави „Wall Street Journal“.

Според зборовите на главниот извршен директор Ајван Глазенберг пазарните услови, најверојатно ќе останат нестабилни, а фокусот ќе се задржи на „создавање вредност за акционерите преку дисциплинираната распределба на долгорочен капитал“.

Во јули, „Glencore“ објави дека ќе започне програма за откуп од една милијарда долари. Одлуката беше објавено само неколку дена, откако стана јасно дека американските власти бараат од компанијата да ги предаде документите за бизнисот во Демократска Република Конго, Венецуела и Нигерија во рамките на истрагата за корупција.

Во Конго истражните ограни се фокусирани на врските на „Glencore“ со израелскиот бизнисмен Дан Гертлер, поранешен инвеститор на компанијата во земјата, посочува уште „Wall Street Journal“. Во декември Гертлер беше санкциониран од страна на американското Министерство за финансии, кое го обвини за трговија со власт со претседателот Џозеф Кабила, поради што е има собрано богатство преку „нетранспарентни и корумпирани“ трансакции.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Со помош на Фондот за Иновации, Пакомак е првата македонска компанија која го воведува светскиот тренд во рециклирањето –повратни вендинг машини за пластични шишиња и лименки

    Со помош на Фондот за Иновации, Пакомак е првата македонска компанија која го воведува светскиот тренд во рециклирањето –повратни вендинг машини за пластични шишиња и лименки

    Енормниот обем на отпад кој се креира со зголемената консумација во модерното општество, селективното одложување отпад, собирањето и неговото рециклирање е екстремно важен процес за…

  • Microsoft вреди двојно повеќе отколку сите европски банки заедно

    Microsoft вреди двојно повеќе отколку сите европски банки заедно

    Негативните каматни стапки, падот на приносите на обврзниците, посилното регулирање и знаците на рецесија ја избришаа поголемата пазарната вредност на европските банки. Откако индексот во…

  • Во првата половина од годината групацијата Триглав со остварен раст на премија и на добивка пред оданочување

    Во првата половина од годината групацијата Триглав со остварен раст на премија и на добивка пред оданочување

    Групацијата Триглав на македонскиот пазар продолжува со својот развој и раст во согласност со стратегијата Групацијата Триглав во првите шест месеци од оваа година обезбеди…

  • Каде да јадете убави пецива во Скопје?

    Каде да јадете убави пецива во Скопје?

    Често се вели, доколку во еден ресторан или пекара има метеж, има причина зашто тоа е така. Производите кои се нудат се тазе испечени, квалитетни…

  • Twitter забранува рекламирање на медиуми кои ги контролира државата

    Twitter забранува рекламирање на медиуми кои ги контролира државата

    Компанијата Twitter објави дека на својата социјална мрежа ќе ја продолжи забраната за рекламирање на медиуми спонзорирани од државата. Во соопштението компанијата наведува дека од…

  • Xiaomi разочара со резултатите

    Xiaomi разочара со резултатите

    Кинеската компанија Xiaomi денес објави 15 процентен раст на кварталните приходи, што е, сепак, пониско во однос на очекувањата на пазарот. На намалувањето на приходите влијаеше…

  • Џејми тврди: ”Ова е причината за пропаѓањето на моите ресторани”

    Џејми тврди: ”Ова е причината за пропаѓањето на моите ресторани”

    Британскиот готвач Џејми Оливер смета дека Брегзит е една од причините поради кој пропадна неговиот ланец на ресторани. Оливер изјави дека луѓето во 2016 година…

  • Заштита на децата во дигиталниот свет – Kaspersky Safe Kids и детски смарт часовници од Македонски Телеком

    Заштита на децата во дигиталниот свет – Kaspersky Safe Kids и детски смарт часовници од Македонски Телеком

    Македонски Телеком воведува алатки за заштита на децата во дигиталниот свет: Kaspersky Safe Kids и детски смарт часовници, достапни во Cool Kids, новата тарифа во…

  • Кинески интернет пребарувач изгуби 60 милијарди долари пазарна вредност

    Кинески интернет пребарувач изгуби 60 милијарди долари пазарна вредност

    Најголемиот кинески интернет пребарувач, Baidu, соочен со тврдата конкуренција, изгуби од минатата година повеќе од 60 милијарди долари од пазарната вредност. Тој пребарувач, дел од…

  • EasyJet во своите авиони воведе библиотека со 60.000 книги

    EasyJet во своите авиони воведе библиотека со 60.000 книги

    Авиокомпанијата EasyJet претстави новитет во своите авиони, а тоа е библиотека. EasyJet на своите патници им дозволува да позајмат книга и така да го поминат…