9 декември, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКомпанијата „Сеавус“, нов генерален спонзор на ФК Работнички

Компанијата „Сеавус“, нов генерален спонзор на ФК Работнички

Македонскиот фудбалскиот клуб Работнички, стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига го одбележува со значајна најава, најголемата софтверска компанија во Македонија, Сеавус, е новиот спонзор на Работнички.

Со Сеавус како партнер, еден од најстарите клубови во државата добива сериозна можност да се издигне на повиско ниво, да ја добие посакуваната стабилност и посигурно да започне со остварување на добри резултати.

„Огромно задоволство е да ја имаме компанијата „Сеавус“ за генерален спонзор на ФК Работнички. Се надеваме дека ова е првиот и мошне значаен чекор за една долгогодишна и плодна соработка, со која клубот ќе се издигне на повисоко ниво. Веруваме дека еден така докажан партнер во бизнисот ќе има значајна улога и во растот на фудбалскиот клуб Работнички во сите сегменти. Сакаме да се заблагодариме за подадената рака и веруваме дека заеднички можеме да направиме многу за нашиот клуб. Нашата стратегија останува иста, максимална поддршка и развој на младинската фудбалска академија, како и аспирации за освојување на трофеи во сениорска конкуренција“, вели претседателот на ФК Работнички, Драган Поповски.

Клубот, низ историјата четири пати бил шампион и освојувач на Купот на Македонија. Работнички е редовен учесник и во натпреварувањата што ги организира Европската фудбалска унија (УЕФА).

Две години по ред „романтичарите“ стигнуваа и до плејофот за пласман во главата фаза во Лига Европа. Најуспешната сезона во клупската историја е 2013/2014 кога „романтичарите“ ги освоија двете домашни титули.

„Дебармаалци“, големо внимание во своето работење посветуваат и на младинската школа, која е една од најдобрите во Македонија.

Токму тука лежи инспирацијата и на компанијата Сеавус, да се даде поддршка на една од најдобрите фудбалски академии во државата, откаде се продуцираат играчи за првиот тим на Работнички.

Со официјализирањето на спонзорството, клубот ќе ги најави и своите планови за работа.

Наскоро, дресот на Работнички на себе ќе го има логото на компанијата Сеавус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП