2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвертон потпиша со Бернард

Евертон потпиша со Бернард

Откако го договорија Џери Мина од Барселона, челниците на Евертон завршија уште еден трансфер во пресрет на новата сезона. Нов играч на „карамелите“ ќе стане Бразилецот Бернард, за чии услуги беа заинтересирани Милан и Челси.

Милан бил блиску до потписот на Бразилецот, но најпрвин Вест Хем испратиле понуда до Бернард, а целата ситуација најдобро ја искористиле во Евертон. Клучната улога ја имал менаџерот Марко Силва.

Бернард последните четири сезони ги мина во Шахтјор, а откако договорот му завршил, тој решил да ја напушти Украина.

Со овој потег Евертон го заврши одличниот трансфер период откако претходно ги потпиша Ришарлисон, Лука Дињ и Џери Мина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП