21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо: Ако не се засилиме ќе имаме тешка сезона

Мурињо: Ако не се засилиме ќе имаме тешка сезона

Менаџерот на Манчестер јунајтед рекол дека клубот ќе мора да инвестира во засилувања доколу сака да биде конкурентен во Премиер лигата.

Манчестер јунајтед не е премногу активен на пазарот во овој преоден рок. Од оние што пристигнаа само Бразилецот Фред може да се надева на место во првиот тим. Португалецот Дало е инвестиција за иднината, додека Грант ќе биде трет голман.

„Мојот шеф веќе долго време ги знае моите желби. Знам дека се обидува да го направи најдоброто, имаме уште неколку дена, ќе видиме што ќе се случи. Тимовите што се наши ривали се многу силни и имаат фантастични екипи (Челси, Манчестер сити, Тотенхем). Други, како Ливерпул, инвестираат масовно и купуваат се што можат. Доколку не направиме тимот да биде подобар тогаш не очекува една тешка сезона“, рекол Мурињо пред дуелот со Баерн.

Мурињо е заинтересиран за играчот на Лестер, Хари Мегваер, а како опција се споменува и Џери Мина од Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП