21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИActivision Blizzard ги надмина прогнозите за тримесечниот профит

Activision Blizzard ги надмина прогнозите за тримесечниот профит

Производителот на игри „Activision Blizzard“ ја надмина прогнозата на „Wall Street“ за тримесечниот профит, помогнат од продажбата на својот блокбастер „Call of Duty“. Но компанијата предвидува приходите за тековниот квартал и за целата година, кои се покажаа под очекувањата, пренесува „Ројтерс“.

Компанијата планира да ги објави „Call of Duty: Black Ops 4“, како и „World of Warcraft: Battle for Azeroth“ и „Destiny 2: Forsaken“ во втората половина на годината.

„Прелиминарните нарачки се силни“, изјави претседателот на „Activision“, Колистер Џонсон.

Компанијата предвидува приспособен профит за целата 2018-та година во износ од 2,58 долари по акција при приходи од 7,48 милијарди долари, додека „Wall Street“ очекува 2,60 долари по акција и приходи за 7,52 милијарди долари.

Activision се обложува на некогаш популарните електронски спортови преку својата лигата „Overwatch“. Освен тоа неодамна потпиша неколкогодишен договор со „ESPN“ и „Disney XD“ за пренос во живо.

„Бидејќи масовната популарност на електронските спортови продолжува да расте, ние сме добро позиционирани, па да го засилиме успехот од моделот „Overwatch League“ за да развиваме нови можности за електронски спортови во иднина“, коментира извршниот директор Роберт Котик.

„Activision“ најави дека очекува корективните нејзини приходи за третиот квартал да се во износ од 1,62 милијарди долари, а профитот – 47 центи по акција, што е под просечната прогноза на аналитичарите за 1,86 милијарди долари и 66 центи по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП