Банкарската групација „BBVA“ ќе продолжи да биде главен спонзор на шпанското првенство до 2016-та година. Во следните три сезони „BBVA“ ќе им исплати вкупно над 70 милиони евра на клубовите, потврдија од шпанската фудбалска федерација.

На потпишувањето на договорот во Њујорк присуствуваа шпанските репрезентативци Икер Касиљас и Андрес Иниеста. Во новиот договорот има опција за продолжување на соработката до 2018-та година.
„Сакаме да продолжиме да бидеме спонзори на шпанското фудбалско првенство. Целта ни е првенството да стане уште попопуларно во Азија, САД и Јужна Америка”, изјави Франциско Гонзалес, претседателот на BBVA.
Лионел Меси и Кристијано Роналдо, како и Барселона и Реал Мадрид го прават шпанското првенство да биде во центарот на вниманието на целата фудбалска јавност ширум светот. Во последната сезона Примера беше емитувана во 189 држави и беше гледана од над 800 милиони телевизиски гледачи.