8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСкариоло останува на шпанската клупа

Скариоло останува на шпанската клупа

Италијанскиот кошаркарски тренер Серџио Скариоло ќе остане на кормилото на Шпанија и за време на ФИБА прозорците во септември, ноември и февруари.

Скариоло, кој е дел од стручниот штаб на Торонто Репторс, ги договорил деталите со челниците на Кошаркарскиот сојуз на Шпанија.

„Тој ни објасни дека целосно ќе ги исполни своите обврски кон репрезентацијата. Нè увери дека неговиот клуб ќе му дозволи да ја предводи Шпанија во квалификациските прозорци за пласман на СП“, стои во соопштението од Сојузот.

За продолжување на соработката, Шпанците информираат дека ќе двете страни ќе разговараат откако ќе завршат квалификациите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП