„Huawei“ воведе нови модели во својата серија на паметни телефони, „Honor Note“, објави „The Verge“.
Уредот нуди најголема големина на екранот во серијата со 6,95 инчна дијагонала. „Нonor Note 10“ е уште еден доказ дека производителите ќе продолжат да нудат модели со голем екран, кои исто така ги бараат потрошувачите.
Моделот доаѓа со меморија од 6GB/8GB, „Kirin 970“ чипсет и избор помеѓу 64GB и 128GB вградена меморија. „AMOLED“ екранот нуди резолуција од 1080 x 2220 пиксели, а како оперативен систем, моделот е базиран на „Android Oreo“ со „EMUI“ интерфејс. Батеријата се очекува да има вкупен капацитет од 5.000mAh. Главната камера е двојна, која се состои од 16 MP (f / 1.8) и 24 МР црно-бел (f / 1.8) сензор.
„Huawei“ ќе го пушти „Honor Note 10“ во Кина со почетна цена од 2.799 јуани, што е околу 410 долари. Досега, нема индикации дали паметниот телефон ќе се појави надвор од земјата, но тоа е сосема веројатно.