5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДерби уште во првото коло, Шкендија го чека Вардар

Дерби уште во првото коло, Шкендија го чека Вардар

Натпреварувачката сезона 2018/2019 ќе ја отвори дербито помеѓу двете најдобри екипи од минатата сезона Шкендија и Вардар.

Фаворитите за титулата уште на стартот ги спои ждрепката што денес беше извршена во „Куќата на фудбалот“.

Првото коло на програмата е на 12.август, а покрај Шкендија и Вардар уште ќе играат: Силекс-Шкупи, Победа-Беласица, Работнички-Ренова и Академија Пандев-Македонија ЃП.

Првиот круг ќе заврши на 26.октомври со дуелите од 9.коло: Вардар-Академија Пандев, Македонија ЃП-Победа, Беласица-Силекс, Шкупи-Работнички, Шекндија-Ренова.

Есенскиот дел од сезоната ќе заврши на 2.декември, а стартот на пролетниот дел е закажан за 17.февруари 2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП