17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLand Rover Dicsovery Sport за 2019-та ќе добие хибрид

Land Rover Dicsovery Sport за 2019-та ќе добие хибрид

„Land Rover“ веќе работи на редизајн на „Discovery Sport“, пет години по премиерата на актуелната генерација.

Покрај „освежениот“ изглед, „SUV“ моделот ќе добие и модифицирана платформа која ќе го подобри комфорот, ќе го зголеми багажниот простор и ќе овозможи место за батерија.

Батериите ќе бидат инсталирани под подот, па така нема повеќе да влијаат на практичноста и управувањето на возилото, додека го снабдува електромоторот со енергија.

Тој електромотор ќе биде поврзан со новиот трицилиндарски аграгат, па се очекува хибридната верзија на „Discovery Sport“ ќе емитува околу 45 g/km CO2, што ќе му овозможи на овој модел да ги исполни барањата на новиот „WLTB“ тест за емисијата на штетни гасови.

Нема информација дали „Land Rover“ ќе користи стартер генератори или елетрифицирани турбополначи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП