6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДрогба станува златар

Дрогба станува златар

drogbaa

Легендарниот фудбалер Дидер Дрогба кој моментално настапува за турскиот прволигаш Галатасарај во својата татковина купил пет проценти удел во eден рудник за злато.

Засега нема точни податоци за вредноста на трансакцијата, а британските медиуми наведуваат дека станува збор за 1.17 милиони евра.

Површинскиот рудник кој е еден од најстарите рудници за злато во Брегот на Слоновата коска се наоѓа 700км западно од најголемиот град Абиџан, близу границата со Либерија.

Од отварањето на рудинкот во 1991-ва година до сега се ископани околу 22.7 тони злато.

Земјата почна да се опоравува од десет годишната криза и граѓанската војна во 2011-та година. Вкупното производство на злато во земјата за минатата година изнесуваше 12 тони, а владата планира до 2015-та година да го зголеми производството на 25 тони злато.

Дрогба е многу ангажиран во рехабилитација на својата татковина и вложи 3.5 милиони евра во изградба на болници. Дури и со ова купување на некој начин се обидува да привлече инвестиции за овој рудник кој почна да пропаѓа поради недостаток на ресурси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП