27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелси одреди рекордна сума за Азар

Челси одреди рекордна сума за Азар

Реал Мадрид и Барселона сериозно се заинтересирани за фудбалерот на Челси, Еден Азар, поради што клубот се наоѓа под силен притисок.

Реал сака да ја пополни празнината што настана со заминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус, додека Барселона сака да го компензира пропаднатиот трансфер на Антоан Гризман.

Споре шпанските медиуми за два тима приоритет е да го донесат Азар во своите редови, во актуелниот преоден рок.

Челси сака да ја искористи оваа ситуација и добро да го наплати евентуалното заминување на Белгиецот.

„Дејли мејл“ објави дека Челси за Азар бара 225 милиони евра или 200 милиони фунти, што е сума поголема од онаа што лани ја плати ПСЖ за Нејмар (222 милиони евра).

На потег се сега шпанските великани, односно дали се подготвени да потрошат толку пари за Белгиецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП