4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелси го заврши трансферот на Бернард

Челси го заврши трансферот на Бернард

Челси, без многу галамa, успеа да ги договори сите детали околу трансферот на поранешниот бразилски репрезентативец Бернард. Бразилецот на „Стенфорд Бриџ“ доаѓа како слободен играч, откако му заврши пет годишниот договор со Шахтјор.

Бернард, игра на левата крилна позиција во нападот, технички е одлично поткован и со оглед на висината (164 сантиметри) исклучително е брз.

По завршувањето на сезоната, откако објави дека нема да го продолжи договорот со шампионот на Украина, доби неколку интересни понуди, а тој решил да ја прифати таа на Челси.

За Шахтјор, Бернард, одиграл 157 натпревари, постигнал 28 гола. Во кариерата има настапувано и за Атлетико Минеиро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП