10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед подготвен да го пушти Марсијал, но првин сака потпис со Перишиќ

Јунајтед подготвен да го пушти Марсијал, но првин сака потпис со Перишиќ

Манчестер Јунајтед е подготвен да го продаде Французинот Антони Марсијал ова лето, но само ако првин успее да го донесе во клубот хрватскиот напаѓач на Интер, Иван Перишиќ, за кого е заинтересиран подолго време, јавува „Мирор“.

Јунајтед би го пуштил Марсијал, кој е незадоволен од слабата минутажа за најмалку 70 милиони фунти, и тоа на клубови надвор од Премиер лигата. 22-годишниот Французин ја напушти американската турнеја на Јунајтед за да присуствува на раѓањето на своето второ дете зголемувајќи ги шпекулациите дека завршил со клубот од „Олд Трафорд“.

Пари Сен-Жермен и Баерн Минхен се двата клуба што го посакуваат Марсијал и тој би преферирал да се врати во Париз, каде што неговата партнерка Мелани да Круз се породи.

Од друга страна, Жозе Мурињо се обиде да го добие Перишиќ минатото лето за 40 милиони фунти, но оттогаш Хрватот потпиша нов договор со Интер, а успешниот настап со Хрватска на СП во Русија ја крена неговата цена на 60 милиони фунти.

За договор има малку време бидејќи преодниот рок во Премиер лигата оваа година завршува на 9 август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП