6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕфес се засили со Шејн Ларкин

Ефес се засили со Шејн Ларкин

Кошаркарскиот клуб Анадолу Ефес го потврди трансферот на Американецот Шејн Ларкин (25). Ларкин потпишал едно годишен договор со клубот од Истанбул.

Ларкин, минатата сезона играше во НБА лигата, во Бостон Селтикс, а сезоната претходно беше лидер на Басконија во шпанскиот шампионат и Евролигата.

Во Басконија имал просек од 13 поени и 5,7 асистенции по натпревар, додека во НБА лигата, во просек бележел по 4,3 поени, 1,7 скока и 1,8 асистенции.

Ларкин, откако не добил понуда што ги задоволува неговите апетити во НБА лигата, решил да се врати во Европа. Ефес на Американецот ќе му плати 1,8 милиони долари.

Шејн Ларкин е второто засилување на плејмејкерската позиција, откако претходно во клубот пристигна српскиот репрезентативец Василије Мициќ. Според турските медиуми Ефес е блиску до договор и со центарот Тибор Плајс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП