17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНе се предава и во петтата деценија, Винс Картер има нов клуб

Не се предава и во петтата деценија, Винс Картер има нов клуб

Легендарниот американски кошаркар Винс Картер во јануари наполни 41 година, но нема намера да се повлече од кошаркарските терени. Ветеранот потпишал едногодишен договор со Атланта хокс, што значи дека наредната сезона ќе биде 21. во неговата кариера.

Картер, како слободен играч за ветерански минимум (2,4 милиони долари) договорил соработка со Атланта. Хокс од оваа сезона прават целосна реконструкција на тимот, во кој ќе има неколку млади играчи, а Картер со своето искуство треба да им помогне подобро да се прилагодат на она што го бара НБА0лигата.

Винс Картер во НБА-лигата влезе во 1998 година, кога како петти пик беше избран од Голден стејт вориорс. Сепак, тој не остана во Оукленд бидејќи Вориорси веднаш го разменија во Торонто Репторс.

Шест години Картер играше во Торонто каде ги пружи најдобрите партии во кариерата. Картер во периодот од 2000 до 2007 година осум пати играше на ол-стар натпреварите, а незаборавни се неговите мајстории во натпреварот во забивање.

Картер во изминатите 20 сезони забележал просек од 17,7 поени, 4,5 скока и 3,3 асистенции по натпревар. Покрај во Торонто играл за уште шест други екипи: Њу Џерси Нетс, Орландо Меџик, Феникс Санс, Далас Маверикс, Мемфис Гризлис и Сакраменто Кингс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП