2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБрестовац го презеде Металург

Брестовац го презеде Металург

Данило Брестовац, актуелниот селектор на младата ракометна репрезентација на Македонија, потпиша тригодишен договор со Металург. Со овој потпис тимот од Автокоманда стави крај на ерата на Лино Червар, иако хрватскиот стратег минатата сезона речиси и не се појави во клубот.

На промоцијата Брестовац му се заблагодари на сопственикот на Металург што по три години повторно го вратил во клубот и вети дека клубот ќе остане лидер во регионот, во работата со младите категории.

„Не сум магионичар, не сум Дејвид Коперфилд и поради тоа не можам да ветам чуда. Можам да ветам напорна работа. Можам да ветам дека Металург ќе остане лидер во регионот, во работата со младите категории, од кои би профитирале македонскиот ракомет и репрезентацијата. Искуството од Шамбери и современите методи ќе се обидеме да ги примениме тука за да можеме да продуцираме квалитетни играчи“, рекол Брестовац.

Данило Брестовац пред четири години му пеше помошник на Лино Червар во Металург, потоа две години работеше како помошник на Ивица Обрван во францускиот Шамбери, а минатата година беше тренер во Диферданж од Луксембург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП