3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБонучи ќе се врати во Јуве, Игуаин на пат за Милан?

Бонучи ќе се врати во Јуве, Игуаин на пат за Милан?

Леонардо Бонучи е пред сензационално враќање во Јувентус како дел од договорот со кој Гонзало Игуаин ќе заврши во Милан, тврдат „Газета дело спорт“ и „Спортиталија“.

Капитенот на „росонерите“, кој помина само една сезона во Милан, сака да замине од клубот, призна Џенаро Гатузо, а според италијанските медиуми, тој би се вратил во Торино, каде што со Јуве освои шест скудета од 2010 година.

Според „Газета“, Милан е подготвен да му дозволи да замине ако тоа значи дека се зголемуваат нивните шанси да го донесат Игуаин, со што исто така би добиле и простор за засилувања поради високата плата што ја добива Бонучи.

Новиот генерален менаџер на Милан, Леонардо, во понеделникот се сретнал со генералниот директор на Јуве, Бепе Марота, за да почнат со преговорите за Бонучи за кого беа заинтересирани и ПСЖ и Манчестер јунајтед.

Главната пречка за останување на Бонучи на „Сан Сиро“ е хаотичната ситуација во клубот, кој беше преземен од „Елиот менаџмент“ кога претходниот сопственик Јонгхонг Ли не ги врати парите што ги должеше. Клубот исто така првично беше суспендиран од Лига Европа пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС) да им дозволи да се вратат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП