13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМело Ентони оди во Хјустон

Мело Ентони оди во Хјустон

НБА-ѕвездата Кармело Ентони кариерата ќе ја продолжи во Хјустон рокетс, објавија американските медиуми.

Ентони бил подготвен да потпише едногодишен договор со финалистот во Западната конференција, вреден 2,4 милиони долари.

Популарниот Мело минатата недела беше трејдуван од Оклахома тандер во Атланта хокс, меѓутоа тимот од Атланта нема намера да го задржи 34-годишниот кошаркар во своите редови.

Тоа знали дека Мело ќе стане слободен агент и ќе може да се пресли во Хјустон каде што ќе им се приклучи на Џејмс Харден и Крис Пол.

Десеткратниот ол стар играч минатата сезона имаше најлоши бројки во кариерата, просечно постигнуваше по 16,2 поени по натпревар со процент на реализација од 40,4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП