3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХенес за Озил: Се радувам дека се повлече, не игра ништо со...

Хенес за Озил: Се радувам дека се повлече, не игра ништо со години

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес го нападна халфот на Арсенал, Месут Озил, кој вчера изненадувачки се повлече од репрезентацијата на Германија.

– Многу се радувам дека овој кошмар заврши. Тој не игра ништо со години. Последниот освоен дуел со него е пред Светското првенство во Бразил во 2014 година. А сега се сокри зад оваа слика (со турскиот претседател Ердоган -н.з.) за да ја оправда слабата игра. На Светското првенство во Русија никој не го постави прашањето зошто тој игра толку слабо, изјави Хенес пред „Билд“.

Хенес продолжи со нападите и за неговата презентација на клупско ниво.

– Секогаш кога сме играле против Арсенал, сме напаѓале во неговата зона, бидејќи сме свесни дека тој е нивната најслаба точка, вели претседателот на германскиот шампион. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП