Новак Ѓоковиќ пред нешто повеќе од една година го смени спонзорот и започна да ја носи опремата на „Лакост“, а дури сега излегоа финансиските детали од договорот со францускиот производител.
„Лакост“ на Ѓоковиќ му плаќа 9,4 милиони долари годишно (договорот важи во наредните пет години), што е помалку од шпекулациите на светските медиуми дека тој годишно заработува 15 милиони долари.
Според магазинот „Форбс“, Ѓоковиќ во периодот мај 2017-мај 2017 година, заработил 23,5 милиони долари. Од оваа сума само еден милион долари српскиот тенисер заработил од турнирите.
Ѓоковиќ, неодамна го продолжи договорот со „Хед“, кој му носи 7,5 милиони долари на годишно ниво, од производителот на патиките добива четири милиони долари, а „Сеико“ му плаќа пет милиони долари.
Исто така потврдено е дека Србинот не ги продолжил договорите со „Пежо“, „Џејкобс крик“ и „Одемар Пиге“.