17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПјаниќ би можел да замине од Јувентус

Пјаниќ би можел да замине од Јувентус

Човекот кој прв од фудбалерите на Јувентус му посака добредојде на Кристијано Роналдо, Миралем Пјаниќ, наскоро би можел да ги напушти редовите на „старата дама“.

Како што објави секогаш добро информираниот италијански новинар, Џанлука Ди Марко, Јувентус добил три понуди за репрезентативецот на Босна и Херцеговина.

Интерес за 28-годишниот фудбалер покажале Манчестер Сити, Челси и Барселона.

Претпоставките се дека Јувентус би се согласил да го продаде играчот, кој го купи од Рома во 2016 година, за сума од околу 80 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП