26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHermes очекува нејзината профитабилност да остане околу рекордната

Hermes очекува нејзината профитабилност да остане околу рекордната

Компанијата за луксузни стоки „Hermes International“ изјави дека нејзината профитабилност за првото полугодие најверојатно ќе се совпадне со рекордната вредност од минатата година, затоа што „бумот“ при побарувачката на луксузни производи во Кина не покажува знаци за забавување, пишува „Bloomberg“.

Приходите од продажба за вториот квартал на компанијата се зголемија за 12 отсто, со исклучок на валутните флуктуации, до 1,46 милијарди евра, соопшти „Hermes“ од Париз. Аналитичарите очекуваат 1,44 милијарди евра. Компанијата ја предвидува маргината за првата половина, без еднократните ефекти да бидат околу нивото од минатата година.

„Во Кина навистина не гледам промена во темпото“, рече главниот извршен директор Аксел Дима во конференциски повик со новинарите, додавајќи дека компанијата ги следи кинеските макроекономски индикатори, како и „Shanghai Stock Exchange“ и недвижностите. „Нашите клиенти повеќе ги земаат во предвид нивната нето вредност од нивните приходи, па затоа треба да се грижиме за секоја промена во овој поглед“.

„Hermes“ е изолирана од циклусите на економски подеми и падови во луксузниот сектор, бидејќи има долги листи на чекање за нејзините иконски кожни производи – пример чантата „Birkin“ од над 10.000 долари.

Долготрајната високата побарувачка, што „Hermes“ ја предвидува во Кина, дава позитивен сигнал и за француските луксузни конгломерати „LVMH“ и „Kering“ чии извештаи излегуваат следната недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП