29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi Mi Max 3 доаѓа со голем екран и батерија

Xiaomi Mi Max 3 доаѓа со голем екран и батерија

„Xiaomi“ го претстави „Mi Max 3“, својот најнов и најголем паметен телефон, објави „The Verge“.

Екранот на моделот има дијагонала од 6,9 инчи и сооднос 18:9, што го прави првиот модел во серијата со таков дисплеј. Екранот е со ленти достапни под и над него, а неговата резолуција е 1080p. Читачот на отпечатоци се наоѓа на задната страна.

Моделот се напојува со батерија со масивен капацитет од 5.500mAh, но неговиот дизајн е тенок со дебелина од 7mm. Достапно е технологијата за брзо полнење – „Quick Charge 3.0“. Меѓу другите функции можеме да забележиме двојна задна камера (12MP + 5MP), чипсет „Snapdragon 636“, 4GB/6GB RAM, 64GB/128GB простор за складирање и 8MP предна камера.

Паметниот телефон ќе биде достапен во сина, црно и златна боја и за 1.699 јуани (250 долари) ќе може да се купи верзијата со 4GB RAM и 64GB меморија. Продажбата на „Mi Max 3“ започнува во Кина и сè уште нема информација за тоа дали уредот ќе се појави на другите пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП