ПочетнаИНТЕРЕСНОРК Вардар го потврди трансферот на Киселев

РК Вардар го потврди трансферот на Киселев

Рускиот репрезентативец Дмитри Киселев од Санкт Петербург ќе пристигне во редовите на македонскиот шампион Вардар.

Трансферот на 23-годишниот десен бек го потврди ракометниот шампион на својата интернет страница. Киселев, со Вардар, договорил соработка до јуни 2020 година.

Киселев е треото засилување за Вардар во пресрет на новата сезона. Претходно договори со црвено-црните потпишаа Словенецот Сташ Скубе и Русинот Сегеј Горбок. Исто така, Вардар, ги продолжи договорите со четворица ракометари: Стоилов, Шишкарев, Поповски и Ѓорѓески.

На новите соиграчи Киселев ќе им се приклучи на 24.јули, кога екипата ќе ги започне подготвките за новата сезона.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП