18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал понудил 225 милиони евра за тандемот на Челси

Реал понудил 225 милиони евра за тандемот на Челси

Реал Мадрид се подготвува за новата страница во историјата, откако Кристијано Роналдо го напушти клубот. Претседателот Флорентино Перез, според медиумите во Белгија, испратил понуда до Челси, вредна 225 милиони евра за двајца играчи на овој тим.

Белгиските медиуми тврдат дека Реал „во пакет“ ги сака Еден Азар и голманот Тибо Куртоа.

Перез смета дека Азар може да биде наследникот на Роналдо, додека во Куртоа гледа долгорочно решение за голманската позиција.

Истите извори наведуваат дека Реал е подготвен да плати 170 милиони евра за Азар и 55 милиони евра за неговиот колега од репрезентацијата, кој на вчера завршеното Светско првенство беше прогласен за најдобар голман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП