28 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2018: 3 милиони странци ја посетиле Русија за време на Мундијалот

СП 2018: 3 милиони странци ја посетиле Русија за време на Мундијалот

Повеќе од три милиони странци ја посетиле Русија за време на Светското првенство во фудбал. Ова е двојно повеќе од билансот по Зимските олимписки игри во Сочи.

„Се проценува дека повеќе од три милиони странски државјани ги посетиле градовите домаќини на мундијалот и сигурни сме дека огромен дел од нив си заминаа со убави впечатоци. Убеден сум дека тоа ќе влијае на начинот на кој на нашата земја се гледа во светот“, рече рускиот премиер Дмитриј Медведев, а пренесе агенцијата „Тас“.

Мундијалот во Русија се одржа од 14 јуни до 15 јули, а градови домаќини беа Москва, Санкт Петербург, Сочи, Казањ, Калининград, Самара, Нижни Новгород, Волгоград, Ростов, Саранск и Екатеринбург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП