16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCitigroup објави подобар од очекуваниот профит

Citigroup објави подобар од очекуваниот профит

Американската банка „Citigroup“ соопшти дека нејзиниот профит за вториот квартал е подобар од очекувањата, иако приходите за периодот се малку под прогнозите, објави „CNBC“.

Добивката по акција на глобалниот банкарски гигант се зголемила за 27% на годишна основа до 1,63 долари во однос на предвидените од „Thompson Reuters“ – 1,56 долари. Во исто време компанијата објави приходи од 18,468 милијарди долари, наспроти прогнозираните 18,512 милијарди долари. Нето-добивката на „Citigroup“ порасна за 16 отсто на 4,49 милијарди долари.

До објавувањето на резултатите во петокот цената на акциите на американската банка забележа пад од над 8% од вредноста од почетокот на годината, заостанувајќи зад конкурентите, како „Bank of America“ и „JPMorgan Chase“, чии акции поевтинуваат односно со над 2% и 0,8% од почетокот на годината.

На крајот на јуни „Citigroup“ објави дека ќе ја зголеми дивидендата за кварталот со 13% до 45 центи по акција и ќе пристапи кон откуп на акции во вредност од 17,6 милијарди долари во следните 12 месеци, откако ги помина успешно сезонските стрес-тестови на ФЕД.

Банката објави подобра од очекуваната заработка и приходи во првиот квартал. Нејзините резултати за овој период се зголемија со пониските корпоративни даноци и силните трговски приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП