ПочетнаИНТЕРЕСНОСити подготви 36 милиони за Ди Мариа

Сити подготви 36 милиони за Ди Мариа

Gareth Barry, Angel Di Maria

Англискиот прволигаш Манчестер Сити ќе упати понуда за крилото на Реал Мадрид, Анхел ди Мариа, пишуваат медиумите во Англија. Аргентинецот е првата трансфер цел на новиот менаџер Мануел Пелегрини.

Чилеанскиот стратег сака со доведувањето на 25-годишниот Аргентинец уште повеќе да ја зајакне конкуренцијата во нападот.

Од Манчестер Сити се подготвени да платат 36 милиони евра за фудбалерот на „кралевите“, но ќе мора да се изборат за него со францускиот шампион ПСЖ.

Сепак останува да се види дали Реал Мадрид ќе се одлучи да го продаде еден од подобрите фудбалери во изминатите две сезони, иако оваа понуда ќе им заврши голема работа при купувањето на нови играчи.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП