16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2018: Саутгејт: Тимот ќе биде уште посилен за две години

СП 2018: Саутгејт: Тимот ќе биде уште посилен за две години

Англија пристигна без апсолутно никакви очекувања на Светското првенство во Русија, но сега има добри шанси да се квалификува што е можно подалеку на турнирот. Целта пред играчите е да играат на високо ниво, изјави менаџерот на англискиот тим, Гарет Саутгејт.

Тимот од Островот се соочува со Шведска во четвртфиналето на Мундијалот утре и има реални шанси да се пласира во најдобрите четири.

– Нашиот тим ќе биде многу подобар за две години и ќе имаме многу повеќе искуство, можеби нема повторно да ја добиеме оваа шанса, но јас сум горд на начинот на кој нашите момци играат. Опасно е да се почне со бранење. Фудбалерите се подготвени да ризикуваат на овој натпревар, но тоа не е гаранција за силна изведба, изјави Саутгејт.

Во осминафиналето, англискиот тим беше подобар од Колумбија по драматичното изведување пенали.

– За нас привилегија е луѓето да одат среќни на работа, фудбалот може да ја обедини нашата земја и да направи разлика во животот на луѓето. Сакаме да донесеме радост и уживање, рече уште Гарет Саутгејт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП