17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2018: ФИФА парично ја казни Хрватска

СП 2018: ФИФА парично ја казни Хрватска

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), парично ја казни Хрватска поради невообичаениот пропуст на натпреварот против Данска.

Фудбалскиот сојуз на Хрватска ќе мора да плати 70.000 швајцарски франци, бидејќи Хрватите рекламирале пијалак на неовластен производител.

Само една компанија го има ексклузивното право на ФИФА за рекламирањи и само тие производи можат да се забележат на натпреварите на Светското првенство.

Голманот на Хрватска, поради истакнување на лични пораки, не е казнет, туку само добил усна опомена од ФИФА.

Хрватска наредниот меч на Светското првенство ќе го игра утре од 20 часот против Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП