18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗначајна промена во Лигата на шампионите

Значајна промена во Лигата на шампионите

Европската фудбалска федерација (УЕФА) воведе значајна промена во Лигата на шампионите, кое ќе почне да се применува од новата сезона.

УЕФА дозволи во нокаут-фазата, доколку има продолженија, тимовите да имаат право на уште една измена.

На овој потег во европската куќа на фудбалот се решиле откако ФИФА успешно го примени ова правило на Светското првенство во Русија.

Новото правило ќе се однесува на сите значајни натпреварувања што се под организација на УЕФА, покрај Лигата на шампионите и Лига Европа, правилото се однесува и на Суперкупот на УЕФА, Европското првенство во машка и женска конкуренција и женската Лига на шампиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП