3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА повторно ќе го „пегла“ ПСЖ

УЕФА повторно ќе го „пегла“ ПСЖ

УЕФА објави дека ќе направи ревизија на одлуката со која беше објавено дека Пари Сен-Жермен ги почитува правилата на финансиски фер-плеј (ФФП) на организацијата.

„Богаташкиот“ клуб минатиот месец беше под истрага за договорите за трансфери по купувањето на Нејмар и Килијан Мбапе, и првично беа ослободени од обвиненијата, бидејќи УЕФА оцени дека сметките на клубот се во ред, но дека трансферите треба постојано да се следат.

Сега, УЕФА објави дека претседателот на финансиската инспекција (ЦФЦБ) побарал ново разгледување на активностите на францускиот шампион.

Од крајот на сезоната 2017/18, фрнацускиот клуб почна со „распродажба“ на фудбалери за да ги исполни правилата на УЕФА, како тој на Хавиер Пасторе во Рома, и клубот смета дека ги почитува сите правила.

„Клубот беше информиран од желбата да се разгледа последната одлука донесена на 13 јуни. Ние направивме значителен број на трансфери во последните денови за целосно да ги исполнуваме условите на 1 септември 2018 година“, се вели во соопштението на клубот.

Минатата недела, УЕФА објави дека Милан е исфрлен од Лигата на Европа 2018/19 поради прекршувањето на ФФП правилата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП