9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2018: Самполи има 20 милиони причини за да не поднесе оставка

СП 2018: Самполи има 20 милиони причини за да не поднесе оставка

Хорхе Сампаоли е најомразената личност во Аргентина, сите бараат негова смена, но тој нема намера да отстапи од селекторското столче. Темпераментниот тренер веќе ги кроел плановите за настап на аргентинската селекција на Копа Америка наредната година.

Како што пренесуваат аргентинските медиуми, Сампаоли нема да поднесе оставка, а функцијата би ја напуштил само доколку комплетно биде исплатен за пет годишниот договор што го потпиша минатата година.

Доколку биде отпуштен Сампаоли од Фудбалскиот сојуз на Аргентина треба да добие 20 милиони долари.

Повеќе детали за неговата иднина ќе бидат познати откако ќе се врати од Русија, каде ги следи настапите на јужно-американските репрезентации.

Медиумите најавуваат состанок помеѓу селекторот и првиот човек на Сојузот, Клаудио Тапија. Се шпекулира дека Тапија ќе се обиде да го убеди Самаполи спогодбено да го раскине договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП