25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАмериканска компанија работи на единствениот телефон со 9 камери

Американска компанија работи на единствениот телефон со 9 камери

Паметните телефони со две камери веќе станаа стандард на пазарот, а веќе ги имаат и некои модели од „пониските класи“.

Првиот смартфон со три камери на задната страна претстави компанијата „Huawei“ на својот модел „P20 Pro“, а неодамна се појавија и гласини дека следниот премиум уред на „LG“ од серијата „V“ ќе има дури пет камери.

Весникот „Washington Post“ пишува дека компанијата „Light“ работи на систем на камери за паметен телефон кој би имал дури девет камери на задната страна.

Системот моментално е во фаза на тестирање, а компанијата го испитува системот со пет, односно со девет леќи. Овој систем официјално би требало да биде претставен до крајот на оваа година.

Инаку, „Light“ на пазарот веќе има еден интересен производ, камерата „L16“ кој има комбинација од 16 различни камери во еден уред.

„L16“ му овозможува на корисникот да не ги менува леќите, туку сите веднаш да му бидат на располагање.

Оваа единствена камера има цена од речиси 2.000 долари, па може да се очекува идната технологија со девет задни камери за смартфон, исто така, да не биде евтина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП