7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPanasonic размислува за нова инвестиција во Gigafactory на Tesla

Panasonic размислува за нова инвестиција во Gigafactory на Tesla

„Panasonic“ ќе ја разгледа идната инвестиција во т.н. „Gigafactory“ на „Tesla“, ако таков предлог е направен од страна на американскиот производител на електрични возила. Ова го откри директорот на јапонскиот конгломерат, цитира „Ројтерс“.

Инвестицијата ќе биде дополнителна кон сумата од 1,6 милијарди долари, што „Panasonic“ придонесува за фабриката за автомобилски батерии која работи заедно со „Tesla“ во американската држава Невада.

„Се разбира, ние ќе ги разгледаме дополнителните инвестиции ако се бара да го сториме тоа“, рече Јошио Ито, директор на автомобилската индустрија на „Panasonic“.

Првичната инвестиција на „Panasonic“ во „Gigafactory“ е речиси завршена, а јапонскиот производител на електроника сé уште не одлучи дали да инвестира дополнителни средства, објаснува Ито.

Коментарите беа направени откако „Tesla“ ја достигна својата цел за производство на 5.000 примероци од „Model 3“ во неделата изутрина.

Производството на „Model 3“, кое започна во јули минатата година, се соочи со голем број проблеми, вклучувајќи го и производство на батерии.

Во меѓувреме, американската компанија троши огромни суми за опремување на својата производствена линија и работи на проекти, како и спортскиот автомобил „Model Y“.

Муск тврди дека „Tesla“ нема да треба да го подигне капиталот во 2018-та година, но аналитичарите од „Вол Стрит“ очекуваат тоа да се случи оваа година.

„Panasonic“ е ексклузивен снабдувач на батерии за тековните модели на „Tesla“ направени во Јапонија, како и во „Gigafactory“.

Минатата недела Ито изјави на состанокот на акционери на „Panasonic“ дека зголемувањето на производството на „Model 3“ ќе доведе до недостиг на батерии во моменти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП