9 декември, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФедерер стана „манекен“ на Уникло

Федерер стана „манекен“ на Уникло

Роџер Федерер, вториот светски рекет и прв носител на Вимблдон cо нова опрема ја започна одбраната на титулата на најпрестижниот турнир во тенискиот свет.

Федерер, на централниот терен на Вимблдон, се појави во опремата на јапонскиот производител „Уникло“.

Швајцарецот од 1994 година соработуваше со американската компанија „Најки“, но неговиот договор истече пред неколку месеци и тогаш се појавија шпекулациите дека ќе го смени таборот и ќе потпише договор со „Уникло“.

Инаку, Федерер, во 2008 година, потпиша со „Најки“ договор тежок 100 милиони долари, кога американската компанија го промовираше и логото „РФ“. Очигледно дека логото остана сопственост на „Најки“, односно дека Федерер се откажал од правото да го користи ова лого.

Сепак, Федерер, нема целосно да ја прекине соработката со „Најки“, бидејќи и понатаму ќе ги носи патиките на овој бренд.

„Уникло“, во тенискиот свет го промовираше Новак Ѓоковиќ, кој пет години беше „манекен“ на оваа компанија, а од познатите тенисери опремата на овој бренд ја носи и Кие Нишикори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП