7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕкспретседателот на Барса, Росел обвинет за перење пари

Експретседателот на Барса, Росел обвинет за перење пари

Поранешниот претседател на Барселона, Сандро Росел ќе оди на судење за перење пари, потврди шпанската судијка, Кармен Ламела.

Росел е обвинет заедно со сопругата Марта Пинеда, адвокатот од Андора, Жоан Бесоли и уште тројца за перење пари и врски со организираниот криминал, кој се откри во „операцијата Римет“ на шпанската полиција.

Случајот за кој се работи е поврзан со земање пари од Бразилската фудбалска конфедерација (ЦФБ) за ТВ-правата на нивните натпревари, како и пари од спонзорските договори на „Најк“ со бразилската репрезентација. Росел и Бесоли биле сопственици на голем број на компании и банкарски сметки во Андора, преку кои „испрале“ 14.973.328 евра од различни ТВ-договори и уште 5 милиони евра од „Најк“.

Договорот првично бил потпишан во 2006 од Тера Тешеира со арапска компанија со седиште на Кајманските Острови за ТВ-правата на 24 натпревари на Бразил. Тешеира (8.393.328 евра) и Росел (6.580.000 евра), добиле исплата за кои ЦФБ не била информирана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП