1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГолемата „петорка“ дели милијарди евра за плати

Големата „петорка“ дели милијарди евра за плати

prihodi fudbal

Вкупната вредност на платите кои ги подели „големата петорка“ за сезоната 2011/12 (Бундеслига, Ла Лига, Лига 1, Премиер лига и Серија А) е 6.1 милијарди евра, стои во извештајот на консултантската куќа „Deloitte“. Тоа е за 8 проценти (430 милиони евра) повеќе од сезоната 2010/2011.

Платите во Премиер лигата се зголемиле за 4 проценти во 2011/12, додека клубовите од Бундеслигата (953 милиони евра) и Ла Лига (1.057 милијарди евра) забележаа раст во платите од 3 проценти.

Најголемите трошоци за плати во Англија се дело на Манчестер Сити (202 милиони евра), а најмали се оние на Свонси (35 милиони евра).

Трошоците за плати во клубовите од Серија А се зголемија за 2 проценти (1.179 милијарди евра).

Француската Лига 1 има динамичен раст на платите од 8 проценти (64 милиони евра) и достигнаа вкупна бројка од 841 милиони евра.

Речиси три четвртини или 47 милиони евра од растот на платите во Лига 1 беше постигнат благодарение на ПСЖ, но споредено со растот на приходите на клубовите ова покажува пад во односот приходи-плата од 69 проценти на 53 проценти.

prihodi fudbal2

Кои се приходите на клубовите од топ првенствата:

За сезоната 2011/12 клубовите во петте најголеми првенства во Европа (Бундеслига, Ла Лига, Лига 1, Премиер лига и Серија А) забележаа раст на приходите од 11 проценти (1,9 милијарди евра) и достигна 19,4 милијарди евра во сезоната 2011 / 12. Тоа во голема мера се должи на влијанието на УЕФА Еуро 2012.

Лидер во овој поглед е англиската Премиер лига со 2,9 милијарди евра, додека Бундеслигата и Ла Лига се рангираат на второто и третото место со 1.872 милијарди евра и 1.765 милијарди евра.

Тимовите од Серија А реализирале приходи од 1,57 милијарди евра, додека Лига 1 е последна со 1.136 милијарди евра.

prihodi fudbal1

Надвор од топ 5:

Веднаш зад петте најголеми лиги е руското првенство кое има приходи од 636 милиони евра, а Турција и Холандија се со 444 и 434 милиони евра приходи.

Бразилската лига е лидер во првенствата надвор од Европа со приходи на своите клубови од околу 880 милиони евра, додека англиската Чемпионшип е со највисок приход во светот во вториот ешалон со вкупен приход од 588 милиони евра.

prihodi fudbal3

Посетеноста на натпреварите:

Со највисока просечна посетеност можат да се пофалат во Бундеслигата (44.293 лица), следат Премиер лигата со 34.646 луѓе, Ла Лига со 26.050 посетители, Серија А и Лига 1 со односно 22.005 и 18.869 луѓе на натпревар .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП