8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi го освежи својот најпродаван модел A4 (фото+видео)

Audi го освежи својот најпродаван модел A4 (фото+видео)

Германски „Audi“ го освежи својот најпродаван модел „А4“ во верзиите „Sedan“ и „Avant“ зa 2019-та година со благи промени.

Особено се истакнува новиот дизајн на браникот, бандажите и „S lin competition“ пакетот на опрема во автомобил кој е претставен во 2015-та.

На предниот браник доминираат петоаголни рамки на отворите за вентилација во кои се наоѓа рамка во форма на буквата „U“ и имитира алуминимум, но не е.

Веднаш покрај него е пластиката со изглед на саќе која му дава спортска нота на овој автомобил. Самиот дизајн на препознатливата маска се менува во зависност од пакетот на опрема, па така во „S Line“ имитира „3D“ изглед.

„Audi“ го промени и задниот браник во кој инсталираше два трапезоидни издуви, меѓу кои е преработениот дифузор, помалку од претходно.

Што се однесува до алуминимумските бандажи, купувачите ќе можат да изберат димензии од 16 дo 19 инчи.

Тука е и новитетот, како „Turbo“ сината боја, „RS“ покривниот спојлер на „Avant“ верзијата, логото на „Audi“ на долниот дел од задната врата, црвените челусти на сопирачките, „LED“ фаровите, спортската суспензија…

„S Line Competition“ носи и некои промени во внатрешноста, како полукожните црни спортски седишта, воланот со три краци, „RS“ карбонски облоги.

Продажбата на редизајнираните „Audi A4 Sedan“ и „Avant“ ќе започне во третиот квартал во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП