8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПотврдено: Galaxy Note 9 ќе биде објавен на 9-ти август

Потврдено: Galaxy Note 9 ќе биде објавен на 9-ти август

„Samsung“ ќе го претстави својот следен паметен телефон, „Galaxy Note 9“, на 9-ти август. Ова се потврдува со поканите испратени до различни медиуми. Ова ги потврдува претходните гласини за премиерата на уредот во почетокот на август. Настанот ќе се одржи во Њујорк и ќе биде пренесуван преку веб-страницата на „Samsung“.

„Galaxy Note 9“ е вториот предводник кој компанијата ќе го претстави оваа година по „Galaxy S9“ серијата која имаше премиера за време на мобилниот конгрес во Барселона.

Тоа што можеме да очекуваме од новиот модел е се уште во сферата на шпекулациите, освен потврденото присуство на „Bixby 2.0“. Меѓу главните гласини е присуството на читач на отпечатоци вграден во екранот, но според голем број аналитичари, оваа технологија ќе биде воведена догодина со „Galaxy S10“.

Што се однесува до карактеристиките можеме да очекуваме чипсет „Exynos 9810/Snapdragon 845“, 6GB RAM и 64GB вградена меморија за складирање. Можно е на некои пазари да се издаде верзија со 512GB меморија и 8GB RAM меморија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП