18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2018: Бразил ја освои групата „Е“ по победата над Србија

СП 2018: Бразил ја освои групата „Е“ по победата над Србија

Бразил е победник во групата „Е“ и се пласираше во елиминациската фаза на фудбалскиот Мундијалот во Русија, откако ја совлада Србија со 2:0 во последната средба од групната фаза.

„Селесао“ повторно не импресионираше со настапот, но генерално не требаше да чека до последен момент, за да стигне до успехот.

Паулињо го постигна првиот погодок на средбата во 36. минута и на тој начин даде предност на Бразилците, а во 67. минута Тиаго Силва со гол со глава го оформи крајниот резултат.

По овој натпревар Бразил е лидер со 7 поени, а Србите завршија како трети во групата со 3 поени и отпаѓаат од турнирот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП