8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2018: Египет остана без селектор

СП 2018: Египет остана без селектор

Разочарувачкиот настап на Египет на Светското првенство во Русија го остави без работа тренерот Хектор Купер (62).

Египет, во вторникот, ги заврши натпреварите во А-групата без победа и со само два постигнати гола. „Фараоните“ беа поразени на трите натпревари во групата, 1:0 од Уругвај, 3:1 од Русија и 2:1 од Саудиска Арабија.

Аргентинецот Купер успеа со Египет по пауза од 28 години да избори пласман на светско првенство, меѓутоа поради трите порази, тој доби отказ.

„Одржавме состанок по враќањето од Русија и донесовме одлука дека треба да му се заблагодариме на соработката на Купер и неговиот струшен штаб. Благодарни сме за се она што го направи во изминатите три години, но мислиме дека е време да свртиме нова страница“, стои во соопштението од Фудбалскиот сојуз на Египет.

Купер пред светското првенство успеа да го однесе Египет и до финалето на Африканскиот куп, каде загуби од Камерун со 2:1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП