7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2018: Милинковиќ-Савиќ: Можеме да ги победиме Бразилците

СП 2018: Милинковиќ-Савиќ: Можеме да ги победиме Бразилците

Српскиот напаѓач Сергеј Милиниковиќ-Савиќ смета дека неговата репрезентација има шанса да го победи фаворитот Бразил и на тој начин да го продолжи својот престој на Мундијалот во Русија.

– Ние треба да заборавиме на она што се случи на средбата со Швајцарија (1:2). Сега треба да се свртиме на мечот со Бразил кој за нас е меч на животот. Немате многу шанси да играте против Бразил. Со нив имав дуел во Нов Зеланд како член на младинската српска селекција, но сега е нешто друго. Повисоко ниво со повеќе искусни играчи. Сепак, тогаш ги фрустриравме Бразилците и тоа ми дава надеж дека може да успееме.

Милинковиќ-Савиќ истакнува дека петкратниот светски шампион има недостатоци.

– Имаат и они слабости. Играм со неколку Бразилци во клубот и знам како тие мислат, секој сака да го постигне гол и се со помала концентрација на одбраната. Ние ќе се обидеме да ги загрозиме од контра, бидејќи тие напаѓаат со многу играчи високо. Тука имаме шанса, рече тој.

Натпреварот помеѓу Србија и Бразил ќе се игра утре од 20 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП